Насловна / Архитектура / Разгранетиот солитер Бело дрво го добива конечниот изглед

Разгранетиот солитер Бело дрво го добива конечниот изглед

Пред пет години, проектот насловен како Бело дрво, победи на јавниот конкурс на градот Монпеље, а сега веќе работите се во завршна фаза и се очекува првите станари во скоро време да се вселат.

sou-fujimoto-white-tree-arbre-blanc-montpellier-france-designboom-02

Станува збор за зграда со необична форма кој има 17 катови и 10 илјади квадрати и изгледа како големо дрво со крошна од бели тераси. Проектот е потпишан од познатиот јапонски архитект Sou Fujimota кој слични мотиви имплементира и во другите свои трудови.

sou-fujimoto-white-tree-arbre-blanc-montpellier-france-designboom-03

Терасите на оваа зграда се замислени така да го поттикнат дружењето меѓу соседите во текот на летните месеци, а секоја од нив е со стаклена ограда. Иако најголем дел од зградата заземаат становите, во приземјето сепак ќе има сместено луксузен ресторан и уметничка галерија, а на самиот врв на зградата ќе има кафуле со панорамски поглед на градот.

sou-fujimoto-white-tree-arbre-blanc-montpellier-france-designboom-07

Соработници на Fujimota во овој проект се Nicolas Laisnè, Dimitri Roussel и студиото OXO Architectes.

sou-fujimoto-white-tree-arbre-blanc-montpellier-france-designboom-08

sou-fujimoto-white-tree-arbre-blanc-montpellier-france-designboom-10

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top