Насловна / Архитектура / Подводен ресторан во Норвешка (Видео)

Подводен ресторан во Норвешка (Видео)

Норвешка во април годинава ќе го отвори својот прв подводен хотел ресторан. Тој ќе има капацитет од 80 до 100 гости. Првите шест месеци по отворањето се веќе букирани.

ur-5

Хотелот Ундер е сместен пет метри под морето, во најјужното норвешко приморје, близу населбата Боил. Она што е највпечатливо, е широката панорама на подводниот свет и евентуалното осветлување на дното, кое исто би пружало незаборавен поглед кон морето, но сѐ уште е во фаза на осмислување. Во објектот би имало прозорци долги 11 метри од кои ќе се гледа подводниот свет.

restoran-podvoden-norveska

– Хотелот е комплициран и уникатен… Неверојатно искуство за сите гости поради местоположбата, архитектурата, ентериерот, погледот и секако, врвната кујна – изјави Арне Мартинсен, менаџер на компанијата Суб-мар Груп, одговорна за овој проект.

Одговорен за менито е познатиот дански готвач Елицгард Педерсен. Ќе можат да се вкусат хранливи производи и морски плодови, карактеристични за областа.

1-samo-za-najhrabrite-avanturisti-ova-se-najchudnite-restorani-vo-svetot-www.kafepauza.mk_

 

Испрати коментар

Scroll To Top