Насловна / Арт и дизајн / Ракописите на Леонардо да Винчи достапни на Интернет

Ракописите на Леонардо да Винчи достапни на Интернет

Соработката меѓу Британската библиотека и Микрософт наречена Turning the Pages 2.0 овозможи 570 страни од Codex Arundel на Леонардо да Винчи да може д се пребаруваат онлајн и бесплатно. На сите им е на располагање бесплатно пребарување на ракописи, цртежи и текстови на еден од најголемите пронаоѓачи и уметници на ренесансата, пишува ArchDaily.леонардо (2)

Иако да Винчи е најпознат по ликовните ремек-дела, како што се „Тајна вечера“ и „Мона Лиза“, неговиот придонес во развојот на архитектурата и градежништвото е немерлив. Познати се неговите нацрти за авиони, хеликоптери, падобрани, подморници и автомобили, кои се креирани неколку векови пред да бидат навистина реализирани.

Низ целиот живот, еден дел од неговите идеи биле забележани од Леонардо во „тетратки“. Бројни ракописи се изгубени во текот на вековите, а на дел од нив кои се сочувани можеле да пристапат само избрана група на историчари и колекционери. Се до сега!леонардо (1)

Процесот на дигитализација на ракописите започнал во 2007 година, а денес имаме можност да ги прелистаме скиците на Да Винчи, да ги анализираме цртежите и да прочитаме некоја белешка од Британската библиотека, националната институција на Обединетото Кралство.

Испрати коментар

Scroll To Top