Насловна / Вести / Општина Центар во акција против прегласната музика

Општина Центар во акција против прегласната музика

Општина Центар тргна во акција против прегласната музика, при што нејзините инспектори констатирале дека во три од проверените кафе-барови бучавата ја надминува дозволената граница.

„По налог на Општина Центар, а по барање на жителите, овластена фирма изврши мерење на бучавата во кафе-баровите „Интермецо“, „Бастион“ и „Џуси бар“. Кај овие три локали констатирано е дека бучавата што доаѓа од нив ја надминува максимално дозволената граница. Казните за одговорните и за правните лица ќе бидат изречени според позитивните законски прописи.општина центарjpg

На пријава од граѓани овластен инспектор од Општина Центар излезе на терен и утврди дека музиката што доаѓа од кафулињата им го нарушува мирот и сонот на жителите од околината.

Општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски повторуваат дека нема да дозволат загрозување на мирот на жителите и ќе продолжат со преземање мерки против гласната музика во објектите.

Затоа, уште еднаш ги повикува сите жители на Центар да се вклучат и да помогнат во решавање на овој проблем, со тоа што ќе пријават гласна музика за да може инспекциските служби бргу да реагираат и да преземат соодветни мерки“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Испрати коментар

Scroll To Top