Насловна / Архитектура / “Уличен стил” низ призмата на френк ГЕРИ

“Уличен стил” низ призмата на френк ГЕРИ

frenk_geri.jpg

ФАКТИ ЗА "БАРКЛИС АРЕНА" – Бруклин, САД
Седишта: 19.000 
Површина на градба: 675.000 м2
Период на изградба: 2010 – 2012 
Цена на градба: 800 милиони долари
Придружни објекти: 105 луксузни ложи, ВИП, клуб, ресторан, прес-центар, конференциски
центар, комерцијални објекти; Дизајнери: Ellerbe Becket

 

Во Бруклин, на 11 март оваа година беа удрени темелите на суперексклузивната "Барклис Арена" што ќе се гради според проектот на Френк Гери. "Барклис Центар" се гради на површина од 675.000 м2, а целокупниот проект е развиен од Forest City Ratner, компанија која од 2004 година е сопственик на популарните "мрежички" од Њу Џерси.

 

Со изградбата на оваа арена, Бруклин конечно ќе добие место на кое ќе може слободно да се вратат и останатите спортски клубови, како популарниот бејзбол тим Dodgers, кој од 1957 година се пресели во Лос Анѓелес. Дизајнот на арената е на компанијата Ellerbe Becket, стационирана во Минеаполис, а која своевремено работеше и на изградбата на кошаркарските домови на Бостон Селтикс, Шарлот Бобкетс, Кливленд Кавалирс, Мемфис Гризлис, Сан Антонио Спарс и Индијана Пејсерс.

 

"Барклис Центер" треба да има капацитет од 19.000 места, а во неа, покрај кошаркарски и останати спортски манифестации, ќе се одржуваат и други културни манифестации, конвенции, концерти…

 

Цената на комплетната изградба на центарот што опфаќа и бизнис центар, како и парк отворен за жителите на комплексот Атлантик Јардс, изнесува 800 милиони долари. Во арената ќе се одржуваат натпревари во хокеј на мраз, како и други зимски натпреварувања во сала. Според изведувачите, дизајнот на "Барклис Арената" ќе даде една навистина впечатлива рамнотежа меѓу традиционалната форма на градба т.н. "уличен стил" кој е се поприсутен во градбата на спортските објекти во овој дел од светот.

 

Арената ќе биде лесно воочлива од повеќе места низ Бруклин, како од облакодерите, така и од оддалеченост на дури пет блока, а лесно ќе се гледа и од плоштадот. Зад дизајнот на арената стои потписот на познатиот американски архитект Френк Гери, кој победи на отворениот конкурс за изградба на арената. Тој ги импресионираше сопствениците на Нетс со тоа што над покривот на целиот бизнис и станбен комплекс ќе биде изграден вистински отворен парк, во кој ќе биде и една патека за џогирање, што е особено популарна кај Американците.

frenk_geri_1.jpgfrenk_geri_2.jpgfrenk_geri_3.jpgfrenk_geri_4.jpgfrenk_geri_5.jpg

 

Подготви: Сашо КУЗМАНОВСКИ 

Испрати коментар

Scroll To Top