Насловна / Вести / PwC предвидува голем скок на инвестициите во климатски технологии во наредната деценија

PwC предвидува голем скок на инвестициите во климатски технологии во наредната деценија

Стартап компаниите кои работат на развој на климатски технологии  (climate tech), а кои се насочени кон декарбонизација со цел да се постигне нула нето емисија на гасови со ефект на стаклена градина пред 2050 година, привлекле речиси 60 милијарди американски долари претприемачки капитал (venture capital) од 2013 до 2019 година, со вкупен раст од дури 3.750% во овој седумгодишен период. Овој тренд укажува на тоа дека во наредната деценија климатските технологии ќе направат голем пробив во сферата на мејнстрим инвестиции и бизниси, се истакнува во извештајот на консултантската куќа PwC.

climate tech3

Годишната стапка на пораст на инвестициите во овие технологии од 2013 година изнесувала 84%, па само во текот на 2019 година вложени се 16,3 милијарди долари, во споредба со само 418 милиони долари во 2013 година. Областа која привлекла највеќе инвестиции во климатските технологии во периодот од 2013 до 2019 година, е мобилност и транспорт, со 37 милијарди долари, или 63% од вкупните инвестиции. Годишната стапка на раст во оваа област била дури 151%. Гледано по региони во светот, Северна Aмерика (Канада и САД), привлекла скоро половина (околу 29 милијарди долари) oд вкупните инвестиции во областа на климатските технологии во анализираниот седумгодишен период. Следува Кина со 20 милијарди долари, додека Европа заостанува, со инвестиции од 7 милијарди долари. Главните инвестициски центри во однос на вложувањата во мобилноста биле пошироката заливска област на Сан Франциско и Бостон во САД, како и Берлин во Европа.

climate tech2

climate tech1

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top