Насловна / Архитектура / Првите навалени кули во светот

Првите навалени кули во светот

Philip Johnson, еден двајцата архитекти автори на овој проект своевремено рекол „мора да завршиме со правите агли, доколку не сакаме да умреме од досада“. Овие негови размислувања резултирале во реализација на првите кули на светот под наклон од 15 степени.

1

Отворен во 1996 година, комплексот Puerta de Europa (Gate of Europe), во Мадрид  е лоциран во северниот дел од градот. Проектиран од архитектите Philip Johnson и John Burgee, кои биле ангажирани од Kuwait Investment Office (KIO) во 1989 година за изградба на деловен објект за нивните потреби. Од таа причина, објектот е познат уште и под името KIO, иако набрзо по еден скандал сопственоста е променета, па името KIO е препуштено на заборавот. Останува само називот кој најдобро го дефинира – симболична и географска порта на Европа. Денес претставува своевидна икона на Мадрид и олицетворение на исклучителните достигнувања на модерната архитектура: проект кој бара внимателен инженеринг, вклучувајќи и специјално зајакната централна оска од бетон и челик, како и одреден број на лифтовски окна кои ќе опслужуваат различни катови во објектот.

6

Станува збор за две кули означени како Puerta Europa I и II (кои се разликуваат по своите хелиодроми со црвена односно сина боја, и различните логоа) кои ја запоседнуваат Plaza Castilla. Еден од претходните сопственици,  Caja Madrid (Bank of Madrid), во 2009 година носи трет елемент како одбележје – метален цилиндер (обелиск) од 7,7 метри во чест на прославата на 300-годишнината на банката. Инспириран од Column of Infinity на модерниот уметник Constantin Brancusi, обелискот балансира со визуелниот момент на двете навалени кули и вертикалата.

7

Од спротивната страна, се наоѓа драматичен гранитен споменик во чест на војводата Jose Calvo Sotelo, национален херој во Шпанија од 19-тиот век, како контраст на челикот и стаклото.

На спротивната страна на навалувањето на кулите, поставен е бетонски „противтег“ со димензии 60 x 10 x 10 m, поврзан со врвот со кабел, со што се обезбедува неопходната отпорност кон гравитациските сили кои природно тежнеат да ги турнат кулите. Примарната мрежа, примарната решеткаста конструкција е конструктивен челик на периметарот на објектот, и зајакнато централно јадро кај главната вертикала со цел дополнително зајакнување на објектот. Секундарните вертикални и хоризонтални решеткасти конструкции имаат улога во зајакнување на примарната решеткаста конструкција и ја овозможуваат неопходната странична стабилност. Овие елементи се скриени во самата конструкција и се проектирани на таков начин што резултираат во чиста и јасна форма. Црната рефлектирачка обвивка на зградите идеално го спојува просторот помеѓу конструктивните елементи.

12

Puerta de Europa се наоѓа во близина на Chamartin train station и Plaza Castilla, односно на место во Мадрид каде се вкрстуваат три главни патишта. Затоа, објектот претставува одличен прв впечаток за градот во кој се испреплетуваат историјата и модерното.

8

Кулите  имаат височина од 114 метри и имаат 26 ката. Нивната изградба траела од 1989 до 1996 година. Puerta de Europa се вторите највисоки кули близначки во Шпанија, по Torres de Santa Cruz во Санта Круз де Тенерифе. Кулите имале една од клучните улоги во филмот The Day of the Beast во 1995 година. Прикажани се и во една од епизодите на Mickey and the Roadster Racers.

13

Во периодот од 1996 година до 2010, тие биле и највисоките навалени кули во светот, кога приматот им е одземен од страна на Veer Towers во Невада, Тексас, САД. Височината на овие кули е 137 метри. Денес, епитетот на највисоки навалени кули во светот го држат Altair - East Tower во Коломбо, Шри Ланка со височина од 209,1 метри.

3

Во секој случај, овие кули направиле револуција во своето време, продолжуваат да се спротивставуваат на гравитацијата и без сомнение направиле огромно влијание врз инспирацијата за бројни вакви градби во децениите што следуваат.

KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top