Насловна / Вести / Porsche направи автомобил со делови од природни влакна

Porsche направи автомобил со делови од природни влакна

Автомобилската индустрија е сé позелена. И тоа не само кога станува збор за погонот. Компанијата Porsche успешно направи автомобил чии одредени делови се направени од природни влакна. Во изработката на моделот Porsche 718 Cayman Clubsport MR, користени се нови композитни материјали од природни влакна. За основата се употребени обработени ленени влакна, на кои со специјална постапка се додавани природни, биоразградливи влакна на материјали кои се добиени по природен пат и кои може да се рециклираат.  Овие природни композитни влакна ги поминале сите проверки и ги задоволуваат најстрогите безбедносни стандарди, но и оние кои се однесуваат на квалитетот. Промоцијата е направена на најтешката патека на светот, познатиот „зелен пекол“ на Нирбургринг, маратонската трка од 24 часа. Овие материјали се замена за досегашните јаглеродни влакна, доста се поефтини и лесно се добиваат по природен пат.

kayman1

kayman2

kayman3

Познатиот автомобилски гигант, од почетокот на 2019 година, од овој материјал, експериментално произведувал врата и задно крило на сериското тркачко возило, за да сега на тркачката патека излезе возило со спојлери, прагови, дифузори и други компоненти направени од природен композитен материјал. Станува збор за делови кои трпат големи сили во текот на забрзувањето и кочењето. Важни се и други својства на овој материјал, кога станува збор за неговата примена во автомобилската индустрија. Најважната е масата, но и крутоста која кај овие материјали е речиси идентична како кај јаглеродните, далеку поскапи материјали. Деловите изработени од овој материјал, без проблеми можат да ги заменат деловите направени од метал, но и од пластика. Притоа, за нивното производ ќе бидат потребни пониски трошоци, но и помала количина на енергија. Во германската компанија истакнуваат дека масовното користење на овие материјали нема негативно да влијае врз производството на храна. Целиот проект започнал уште во 2016 година, како соработка помеѓу Porsche, Сојузното министерство за храна и земјоделство на Германија, Институтот Fraunhofer WKI од Германија и компанијата  Bcomp од Швајцарија.

kayman4

kayman5

kayman6

 

Испрати коментар

Scroll To Top