Насловна / Архитектура / Првата семејна куќа во Европа отпечатена за 120 часа (ВИДЕО)

Првата семејна куќа во Европа отпечатена за 120 часа (ВИДЕО)

Брачната двојка Елиза Лук и Хари Декерс станаа првата брачна двојка во Европа што живее во куќа отпечатена со 3Д-машина за бетон, а многумина најавуваат дека токму тоа може да изгледа како куќa во иднината.

Поранешните продавачи од Амстердам добија „дигитален клуч“, т.е. апликација што со само едно притискање на копчето ја отвора влезната врата на двособната куќа. Нивната нова куќа се состои од 24 бетонски елементи кои беа отпечатени слој по слој во холандскиот град Ајндховен пред да бидат пренесени со камион до местото на склопување.

Holandija

“Прекрасно е. Се чувствувате како да сте во бункер и изгледа многу безбедно”, ги открива Хари Декерс своите први впечатоци за новата куќа од 94 квадратни метри.

Ваква куќа ќе биде тешко да се направи со употреба на традиционални методи, а куќата е прва од петте што градежната фирма Saint-Gobain Weber Beamix планира да ги изгради во предградијата на Ајндховен.

Таквите куќи полека се пробиваат до пазарот, па во последните две години се започнати слични проекти во Франција и САД, но во овие земји куќите се прават само делумно со бетонски 3Д печатач.

“Ова е прва куќа одобрена од властите и населена со луѓе кои плаќаат да живеат таму“, објаснува извршниот директор на компанијата, Бас Хајсманс.

3Д-печатењето се врши со голема роботска рака што исфрла цемент од горниот дел на цевката и го реди слој по слој, правејќи sидови, а Хајсманс објаснува дека за печатењето на оваа куќа во Холандија требало бетонскиот 3Д печатач за работи  120 часа.

Како изгледа оваа куќа, можете да видите на видеото што следи, а по овој проект нема сомнение дека 3Д-печатењето ќе стане уште поприсутно во куќите, особено ако проекти слични на оваа се покажат како хит.

 

Испрати коментар

Scroll To Top