Насловна / Архитектура / Комфорен начин на живот – врати и лизгачки системи Schüco со рамен праг за непречен пристап

Комфорен начин на живот – врати и лизгачки системи Schüco со рамен праг за непречен пристап

Планирањето на просториите осигурувајќи лесен пристап добива сѐ поважна улога за создавањето на удобни живеалишта. Вниманието не е само кон станарите со ограничена подвижност или повреди, туку и луѓето од сите возрасти, во секоја фаза од животот. Рамните прагови при системите Schüco не само што нудат целосен комфор и удобност, туку и овозможуваат секој да има независен пристап до просториите.

слика 1_resize

Балконски врати

Балконските врати на Schüco AWS се разработени за да одговараат на сите барања во однос на комфор и дизајн. Вратата може да биде снабдена со праг на ниво нула, што овозможува непречен премин меѓу просториите. Овој праг постигнува класа 6, највисоката класификација од нормата на ift Rosenheim за капацитет на непречен пристап. Луѓе со колички или помошни средства за одење, како и мали деца можат безбедно да го преминат прагот без никакви попречувања. Дихтунгот на прагот со забавено хидраулично спуштање, обезбедува процес на затворање без потреба од сила, додека оковот Schüco овозможува лесно управување. Како балконски врати со рамен праг можат да бидат проектирани алуминиумските прозорски системи на Schüco со основна длабочина 70, 75 и 90 мм, како и 7-коморните пластични прозорски системи.

Влезни врати

За да им се овозможи на сите станари да имаат неограничен пристап до зградите, влезните врати треба да бидат проектирани со рамен праг.

слика 2 _resize                                      

Системот за врати Schüco AD UP одговара на барањата по DIN 18040 за пристап до станбени и трговски згради и ги исполнува највисоките барања за лесен пристап- класа 6. Исполнети се и сите барања за енергетска ефикасност, непропустливост на вода и на воздух. Системот за врати со рамен праг одговара и на барањата за заштита од провала- класа RC2. Интегрирано автоматско странично придвижување компензира за силата потребна за ракување, за уште повеќе да се олесни пристапот.

Лизгачки системи

Барања за лесен пристап треба да исполнуваат и лизгачките елементи, кои често се користени за достап до дворови и тераси. Алуминиумските системи Schüco ASE 60 /80. HI како и пластичните системи Schüco LivIngSlide со лизгање или подигање и лизгање, одговараат на тие барања. Истовремено се исполнети и сите барања за енергетска ефикасност.

слика 3 _resize

image004_resize

Комерцијален текст

Испрати коментар

Scroll To Top