Насловна / Вести / Прва голема батериска електрана и виртуелна електрана во Хрватска

Прва голема батериска електрана и виртуелна електрана во Хрватска

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), објави дека инвестира 16,8 милиони евра во новоформираното акционерско друштво IE-Energy Projekt d.d., кое ја развива првата голема постројка во големи индустриски батерии.  Овој систем ќе биде дигитално поврзан со виртуелна електрана, што значи дека ќе може да се управува во реално време, во согласност со потребите на електроенергетската мрежа.

Проектот се реализира во Шибеник, а вкупната инвестициска рамка вклучува и средства од Фондот за модернизација на ЕУ во износ од 16.5 милиони евра како и вложувања на приватни партнери. Планираниот капацитет на батериското складиште е до 60MW. Виртуеланата електрана е дигитална платформа која обединува различни извори и складишта на енергија, па со нив се управува како со единствена електрана. На тој начин се оптимира балансирањето на понудата и побарувачката во мрежата.

Испрати коментар

Scroll To Top