Насловна / Архитектура / Противпожарна станица во Портланд: разбивање на стереотипите за огнот и дрвото

Противпожарна станица во Портланд: разбивање на стереотипите за огнот и дрвото

Функционалната еднставност на противпожарната станица во гратчето Грешам, кое се наоѓа во близина на метрополата Портланд (Орегон, САД), се совпаѓа со практичните земјоделски објекти кои доминираат во руралната околина.Garaza enterier 2

Навидум, противпожарната станица е проектирана да не биде многу поголема од едно обично локално живеалиште со предимензионирана гаража. Естетиката на екстериерот е главно изразена преку градежните материјали, кои го претставуваат и главниот архитектонски концепт на целиот објект.Garaza Fasada

Комплексот е составен од два објекта, еден за сместување на персоналот и гаража за противпожарните возила и зафаќа вкупна површина од 940 м2. Во гаражата, покрај паркинг места за возилата, предвидени се и работилница, дел за чистење на возилата како и простор за итна медицинска помош.

Објектот за персоналот има просторија за дневен престој, кујна, соба за вежбање и фискултура, купатило со тушеви, гардеробери и соби за одмор. Во објектот за персоналот исто така има и јавен простор за прием на гости и посетители, каде има административни канцеларијии и соба за конференции.Fasada 1

Оганот е примарен фокус на станицата, но исто така и главната алатка за обработување на материјалите користени во фрасадата на објектот. Фасадата е обработена со горење на дрвото во духот на старата јапонска традиционална техника Shou Sugi Ban, за која пишувавме пред неколку броеви во „Порта 3“.detal fasada

Интересно е да се напомене, исто така, дека дрвените материјали од видот дуглазија, обработени со оваа техника биле веќе еднаш употребени во локалните објекти. Тие се рециклирани, обработени и поставени повторно на фасада. Ефектот на обработените дрва со горење е инспирирачки за многу архитекти во естетска смисла, но обработката секако и го заштитува дрвото од влага, инсекти, габи и слично.

Материјалот и обработката на дрвото ја претставува дуалноста на огнот кој има деструктивна природа, но и можност да создаде структура исполнета со значење.Enterier

Архитектонското решение, кое е изработено од студиото Hennebery Eddy Architects, го дели комплексот на два комплементарни волумени, висока гаража конструирана од видливи дрвени ламелирани носачи и прекриена со метален светол екстериер, и конвенционален објект кој е прекриен и од надворешноста и од внтарешноста со дрво кое го поврзува екстериерот со ентериерот преку материјален континуитет. Долгата и линеарна форма на објектот за персоналот ја нарушува трем кој со неговата вовлеченост овозможува заштита на луѓето од временските неприлики.Enterier 1

Тремот е ориентиран со поглед кон прекрасните локални планини, што овозможува простор за релаксација и одмор од работните обврски. Дрвото продолжува и во ентериерот на објектот за персонал, опкружувајќи ги главните собирни места. Големите отвори во фасадата и на кровот ги исполнуваат работните простории со многу природна светлина. На гаражата, исто така, се проектирани големи отвори низ кои се гледаат противпожарните возила како најпрепознатлива слика од противпожарната станица.Garaza enterier 1 Fasada 2

Противпожарната станица, која е комплетирана во 2015 година, го рефлектира контекстот на заедницата, како со димензиите така и во изборот на материјал за изградба, оставајќи наследство за противпожарната служба. Резултатот е станица која го прифаќа огнот и го користи како алатка за својата убавина и заштита.Situacija Situacija

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top