Насловна / Вести / Протестот „Стоп за висококатници во центарот на Скопје“ одложен за понеделник

Протестот „Стоп за висококатници во центарот на Скопје“ одложен за понеделник

Од Зелен хуман град (ЗХГ) известуваат: „Во знак на сочувство со загинатите во автобуската несреќа чии посмртни останки денес ќе бидат пренесени во Македонија и кон нивните семејства, одлучивме да го одложиме протестот против изградба на висококатници во Центар закажан за 16 часот пред зградата на Јавното обвинителство.

Петок нека биде ден за сочувство со семејствата на загинатите.

Протестот против изградбата на висококатници го презакажуваме за понеделник во 16 часот на истата локација, пред зградата на јавното обвинителство (Кеј на Вардар кај Филхармонија)“.

пр_resize

 

Испрати коментар

Scroll To Top