Насловна / Вести / Протестен марш во Струмица и Скопје против рудникот Иловица

Протестен марш во Струмица и Скопје против рудникот Иловица

Еколошкото здружение „Здрава котлина“ за 16 овој месец подготвува голем протестен марш, од струмичкиот плоштад до седиштето на концесионерот на рудникот Иловица – „Еуромакс Рисорсис“. Протестот ќе почне во 12 и ќе трае до 14 часот.

Протестниот марш, како што информираат од „Здрава котлина“ ќе биде во интерес на сите граѓани, без оглед на каква било припадност. Никој нема да профитира од него, освен граѓаните. Тоа ќе биде марш за нашето основно, уставно загарантирано човечко право на здрава животна средина и иднина за нашите поколенија. Марш за право на живот и ништо друго, се вели во повикот од Здружението.

Плакат Иловица.јпг_resize

Од „Здрава котлина“ напоменуваат дека изградбата на тој рудник значи опустошување на Котлината, со што ќе почне неповратен процес на иселување и деградација.

Во исто време и скопјани со протестен марш ќе се придружат на барањата на „Здрава котлина“. Протестот во Скопје ќе биде пред зградата на Владата.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top