Насловна / Вести / Проширување на гробиштата во Ѓорче Петров

Проширување на гробиштата во Ѓорче Петров

grobistaВо Општина Ѓорче Петров ќе се прошири просторот на гробиштата, а ќе се овозможи и легализација на дивоградбите кои се наоѓаат десно од железничката линија во правец кон Тетово.

Ова, како што соопшти Општина Ѓорче Петров, е овозможено со усвојување на предлог одлуките за утврдување на нацрт детални урбанистички планови за градските четврти С3 10 и С3 11, од страна на Советот на Општината.

Со донесување на С3 10 ќе се овозможи проширување на постоечкиот простор на гробиштата во Ѓорче Петров, со што ќе биде решен еден од проблемите за граѓаните на општината Ѓорче Петров, кој со зголемување на општината и евидентното зголемено населување од другите градови во Ѓорче Петров, досегашниот простор на локалните гробишта не можеше да ги задоволи потребите на оние кои имаат потреба од такви услугите.

Со деталниот урбанистички план С3 11, се овозможува десно од железничката линија во правец кон Тетово, да се легализираат нелегално изградените објекти кој во овој дел ја надминуваат бројката од 200.

Испрати коментар

Scroll To Top