Насловна / Арт и дизајн / Пронајден цртеж на Леонардо под неговото ремек дело

Пронајден цртеж на Леонардо под неговото ремек дело

Откриен е цртеж на Леонардо да Винчи, скриен повеќе од 500 години под една од неговите најпрочуени слики „Богородица во пештера“, соопштија од Националната галерија во Лондон.
Експертите на лондонската галерија го анализирале делото и откриле дека Леонарго го почнувал, а потоа го оставал цртежот, пред да почне да го слика делото на кое ќе му се восхитуваме со векови.

л1

Цртежпт е откриен зато што е работен во материјал кој содржи цинк

Откриени се почетните потези кои на сликата го прикажуваат ангелот и бебето Исус, како и отпечатоци на раце на уметникот или на некој негов асистент, пренесува Си-Ен-Ен.
Споредувајќи ја познатата слика со снимката на онаа одоздола на која се гледа цртежот, воочливо е дека „Леонардо го сменил аголот на главата на бебето Исус и таа се гледа од профил, како и тоа дека ги тргнал кадриците на косата“.

л2

Цртеж на Леонардо скриен повеќе од пет века

Како што наведуваат експертите, се гледа дека Леонардо „се откажал од првобитната композиција на двете фигури и дека ги подигнал, повеќе го открил лицето на ангелот и го доближил до Богородица“.
Експертите од галеријата велат дека е откриен цртежот затоа што е изработен во материјал кој содржи цинк, кој се гледа под икс-зраци, како и со помош на хиперспектрални снимки.
Галеријата ја најави изложбата „Леонардо: Искуство и ремек дело“, која ќе биде отворена во ноември.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top