Насловна / Вести / Песокот кој за спомен ќе го понесат туристите од Сардинија, им се одзема и повторно се враќа на плажите

Песокот кој за спомен ќе го понесат туристите од Сардинија, им се одзема и повторно се враќа на плажите

Локалните власти и стручњаци за заштита на животната средина ги здружиле силите со цел на аеродромот „Олбиа“ да ги откриваат патниците кои се обидуваат да прокриумчарат песок од плажите во Сардинија. Кога ги откриваат ваквите обиди, песокот собран од куферите го враќаат повторно на плажите на италијанскиот остров. Од багажот на туристите се конфискува песок, шљунак и школки, а казните за овој прекршок се во опсег од 500 до 3.000 евра. Во последните десет години запленети се вкупно околу 10 тони песок, главно во шишиња од половина литар.  На плажата „Порто Сан Паоло“ се враќа песокот, додека шљунакот и школките се враќаат на островот „Таволаро“. Досега се вратени шест тони песок.  На аеродромот се планира поставување на нови знаци за предупредување на повеќе јазици, за да се спречи оваа појава. „Секое зрнце песок е дел од нашето исчезнување“ вели еден претстставник на локалните власти. „Мораме да им објасниме и на нашите најмлади дека мора да се борат против таквото однесување“.

sardinia1

sardnia2

sardinia3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top