Насловна / Архитектура / Промоција на стручна монографија „Спортот и градот” под уредништво на доц. д-р Дамјан Балкоски

Промоција на стручна монографија „Спортот и градот” под уредништво на доц. д-р Дамјан Балкоски

МИТ Универзитет Скопје – Факултет за архитектура, со особена чест и задоволство Ве покануваат на промоцијата на стручната монографија „Спортот и градот: Архитектонско-урбанистички интервенции за здрави и активни градови“, под уредништво на доц. д-р Дамјан Балкоски.

Публикацијата претставува истражувачки и едукативен проект кој ја разгледува улогата на спортот во современите градови од архитектонски, урбанистички и психолошко-социолошки аспект. Во нејзини рамки се обединети стручно-научни трудови на наставниот кадар на факултетот и практичари од релевантни области, како и студентски проекти посветени на проектирање на спортско-рекреативни простори во градовите Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Струмица и други, како клучен фактор за создавање здрави, активни и одржливи урбани средини.

Промоцијата ќе биде проследена со изложба на студентски проекти, реализирани во рамките на наставата на урбанистичките предмети на Факултетот за архитектура при МИТ Универзитет Скопје.

Настанот ќе се одржи во среда, 17 декември 2025 година, во 19:00 часот, во Дом на култура Кочо Рацин Скопје, изложбен салон „Приземје“.

Испрати коментар

Scroll To Top