Про Локал е здружение на граѓани основано во Битола во 2009 година со цел унапредување на развојните процеси. Согласно Статут, Про Локал е доброволно и непрофитно, непартиско и невладино здружение кое работи на подобрување на условите за живот на граѓаните и севкупен одржлив развој на општеството.
Про Локал – Битола објавува јавен повик за учество на 36-часовен архитектонско-програмски хакатон за развој на идејно решение за Регионален младински ХАБ во Битола.
Настанот ќе се одржи во Крушево – Хотел Вила Гора; 07–08 март 2026; 36 часа + 1 ноќевање

Што е задачата?
Да се развие идејно архитектонско и програмско решение за современ, флексибилен и одржлив младински ХАБ кој ќе биде:
- простор за неформално образование
- место за креативна продукција
- платформа за соработка
- урбан симбол на нова генерација

Специјален предизвик
„НУЛА ДЕНАРИ ЗА СМЕТКИ“
Предложениот ХАБ треба да биде концептуализиран како објект со минимални или нула оперативни трошоци преку:
- обновливи извори на енергија
пасивни архитектонски стратегии
- циркуларни материјали
одржливо користење на вода
Кој може да аплицира?
Повикот е отворен за:
- архитекти и студенти по архитектура
- градежни инженери / студенти
- дизајнери за внатрешно уредување
- лица од областа на циркуларна економија / заштита на животна средина
- млади лица од Пелагонискиот регион
Аплицирањето е индивидуално. Организаторот ќе формира четири интердисциплинарни тима од по пет лица. Во секој тим ќе биде вклучено најмалку едно младо лице од Пелагонија.

Како ќе работиме?
Хакатонот е структуриран во четири последователни сетови:
СЕТ 1 – Програмска анализа
Дефинирање на потреби, функции и просторна програма.
СЕТ 2 – Локација и типологија
Избор на микролокација во Битола и тип на објект.
СЕТ 3 – Архитектонско решение
Урбана интеграција типологија на објект
СЕТ 4 – Презентација
PDF буклет + краток визуелен материјал.
Награда
Победничкиот тим добива: тандем лет со параглајдер во Крушево или викенд во Панорама СПА

Што обезбедуваме?
- Сместување (двокреветни соби)
- Сите оброци и освежување
- Работен простор и техничка поддршка
- Печатење
- Надомест за патни трошоци во висина на повратна автобуска карта
Како да аплицираш?
Пополнете ја пријавата (линк) и прикачете:
- CV
- Портфолио (доколку имате)
- Кратка мотивација (до 300 зборови)
Рок за пријавување: 04. март 2026
Ова не е само конкурс. Ова е можност да дизајнираш простор што реално може да се изгради.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија