Насловна / Вести / „Молк“ на Исмет Рамиќевиќ во Музејот на град Скопје

„Молк“ на Исмет Рамиќевиќ во Музејот на град Скопје

Вечер (29 јуни) во Музејот на град Скопје, во 20.30 часот, во рамките на Скопско лето ќе биде претставен мултимедијалниот проект „Молк“ од авторот Исмет Рамиќевиќ.

Инсталацијата се состои од пет длабоко релјефно моделирани куршуми инсталирани на под, обрабени со земја. Четирите елементи се поставени на сите страни на светот, а во централниот дел е концентриран петтиот елемент.molk

Меѓу хоризонтално инсталираните куршуми, вертикално се издигаат три отворени „чаури“, во чија длабочина, врз огледалата, се аплицирани црвени точки коишто реферираат на последиците од оружјето, т.е. на секој субјект/набљудувач/жртва. На ѕидовите, низ целиот галериски простор, како своевиден фриз, на различни јазици, испишан е зборот погребување, додека врз вреќичките исполнети со земја и камења, аплицирана е датата на појавата, т. е. употребата на муницијата(1346-2016).

Сите елементи на инсталацијата, (текстуалните, нумеричките и скулпторските) може да се читаат вкрстено, и по хоризонтален и по вертикален и дијагонален семантички и хронолошки редослед. Бинарната структура на елементите, низ својата дијахрониска и синхрониска линија, симболички го артикулира реверзибилното дејствие на идејата на инсталацијата.

Испишаниот текст, исто така, има амбивалентно значење, кое јасно индицира на погребување на жртвите, и на погребување на инструментите за жртвувањето. Дискретниот кружно конципиран просторен распоред на елементите на инсталацијата, како и комплексната идеја на Рамиќевиќ, суптилно ни реферираат на синхронизираните траги од перманентните циклуси на воените кампањи, на земјите-џелати и на земјите-жртви, како и на терористичките операции низ доброволното жртвопринесување на Бога, но и на невините жртви….

Испрати коментар

Scroll To Top