Насловна / Вести / Пријавете дупки на коловозите во Карпош

Пријавете дупки на коловозите во Карпош

Општина Карпош почнува со санација на оштетените улици на својата територија  на кои се детектирани т.н „ударни дупки“. Во изминатиот период комуналните служби на локалната самоуправа  евидентираа повеќе точки на чии локации постојат видливи оштетувања на инфраструктирата кои веднаш ќе бидат асфалтирани. Оваа иницијатива општината ја презема со цел да се овозможи безбедно движење на граѓаните, велосипедите и моторните возила.

karpos-kolovoz

Поради поголема успешност на оваа акција, ги повикуваме и граѓаните уредно (со наведување на точната локација и број на улицата) да пријават ударни дупки на територија на Карпош. Граѓаните може да пријавуваат на адресата на е-пошта: kontakt@karpos.gov.mk , како и на социјалните мрежи на Општина Карпош. Во претстојниот период ќе се реконструираат и повеќе улици на територија на Општина Карпош кои моментално се во руинирана состојба.

Испрати коментар

Scroll To Top