Насловна / Вести / ЕЛЕМ во иднина со сопствена механизација за ископ на јаглен во РЕК Битола

ЕЛЕМ во иднина со сопствена механизација за ископ на јаглен во РЕК Битола

РЕК Битола од идната година повеќе нема да ангажира надворешни фирми за ископ на јаглен. Во два одделни тендера АД Електрани на Македонија ќе ја набават целата потребна механизација за ископ на јаглен.

Со првата јавна објавена набавка ќе се набават 44 машини во вредност од 19 милиони евра, кои се користат како помошна механизација, а со вториот тендер планиран за идниот месец чија вредност е 22 милиони евра ќе се набавува циклична механизација, која е основна за ископот.

Според директорот Миновски опремата ќе се купува еден дел со пари од ЕЛЕМ, а дел со заем.

„Во изминатите 10 години, за циклична и помошна механизација компанијата има потрошено повеќе од 220 милиони евра. Нашите предвидувања се дека вредноста на овие механизации  нема да надмине повеќе од 40 милиони евра“, изјави Драган Миновски, генерален директор на АД ЕЛЕМ.рек битола

Според Миновски во изминатата деценија, годишно се трошело околу 10 милиони евра само за ангажирање на помошната механизација. Овие пари завршувале кај десетина компании кои ги добивеле тендерите. За годинава ЕЛЕМ за ангажирањето на надворешни форми за ископ на јаглен има рамка од околу 5 милиони евра. За ангажирањето на надворешна механизација за потребите на РЕК Битола СЈО поднесе и обвинение против бизнисменот Сеад Кочан и уште две лица кои со лажана документација во 2011 година добиле тендер од ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра. Инаку, поволните цени ќе биде пресудни за да добивање на тендерите, а еден од условоте  е и набавувачот да обезбеди овластен сервис за одржување и поправка на механизацијата во Битола.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top