Секогаш можеме да го искористиме нашиот простор и да направиме од него пријатно место за живеење. Со користење на одредени трендовски елементи, дневниот простор може да се трансформира во комфорен простор. Овој стан е дело на рускиот дизајнер на ентериери Станислав Борождински.

Во целиот стан преовладува белата боја. Големиот бел кауч е поставен како контратежа на темнокафениот тепих и темнокафените ѕидови кои даваат впечаток на регал.

Видливите тули и дрвото во работниот простор имаат свој рустичен шарм, додека во спалната соба, дизајнерот се навраќа на ретро-трендовски кревет и лустер.








Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија