Насловна / Архитектура / Пресликување како форма на интегрирање со локалниот контекст во Тајланд

Пресликување како форма на интегрирање со локалниот контекст во Тајланд

Архитектонското студио ASWA е главниот виновник за новиот проект за деловниот комплекс во кој ќе се сместат ресторан, кафуле, бар и деловен простор во близина на мостот на реката Чао Фраја во Нонтхабури, Тајланд.

1 6 2 5

Иницијалната идеја зад проектот е интеграцијата со локалниот контекст.  Неговата местоположба и достапноста до градската магистрала помеѓу мостот Маха и паркот Чалоем Канчанафисек уште повеќе ќе ја потенцира автентичноста, предлагајќи неговиот волумен да се генерира како резултат на триаголната форма на парцелата.

Проектантскиот  приод на ASWA произлегува од трапезоидна основа и максималниот волумен пропишани со условите за градба, при што најистакнат е волуменот насочен кон реката. Морфолошки, функционалниот простор од 1.400 метри квадратни е поделен на два дела со цел да се постигне визуелно, а и тактилно одвојување на  угостителските содржини од деловните простори.

8 9 10

Земјиштето, се протега на приближно 1.270 метри квадратни, и е лоцирано помеѓу мостот и јавниот парк. Котата на венецот на наклонетиот волумен варира од 12 метри до највисоката точка од 17 метри.

Триаголната архитектура, со транспарентна фасада и форма во согласност со контекстот на нејзината локација, се пресликува и во ентериерот на ресторанот за крафт пиво. Покрај адаптацијата на кафетеријата, барот за дегустација, просторот наменет за ресторанот располага и со кровна тераса. Деловните содржини се ориентирани во внатрешноста спроти реката.

14 15 16

Ресторанот во однос на вкупната површина на објектот, се протега на четири ката и ги вбројува кафулето, пивницата, полу-отворениот внатрешен простор и уредената проодната кровна тераса. Канцеларискиот простор зафаќа три ката на спротивната страна и се состои од работни единици, сала за состаноци и простории за менаџментот.

17   20 21 22 23 24 25

Во однос на фасадната обработка, архитектите одлучија да се користат со локални материјали: транспарентен фиберглас и лиен бетон. Додатно на тоа, на фасадата беа поставени плочи од фиберглас, овозможувајќи природна дифузна светлина и транслуцентен ефект во внатрешниот простор. Во ноќните часови,  благодарение на светлосниот ефект на фасадата , објектот несомнено ќе влијае и врз околниот контекст.

31 32

Испрати коментар

Scroll To Top