Насловна / Арт и дизајн / Преносна работна маса за рамнотежа меѓу деловниот и приватниот живот

Преносна работна маса за рамнотежа меѓу деловниот и приватниот живот

Оваа оригинална преносна масичка открива двојна функција благодарение на скриената преграда дизајнирана да одржува рамнотежа меѓу деловниот и секојдневниот живот.

masa

Тоа е преносливо биро создадено од дизајнерот Таку Јахара. Станува збор за совршено парче мебел за создавање неочекуван работен простор во дневните или спалните соби. Поточно, оваа необична масичка за кафе е идеална за сите оние кои не можат да си обезбедат мирен работен простор во мал стан или куќа.

masa1

Од друга страна, ова парче мебел им се препорачува на сите оние кои сакаат да го менуваат работното место во текот на денот. Промената на работниот простор и амбиентот дома во зависност од расположението може да помогне во работната ефикасност, но и да ја подобри концентрацијата. Дизајнирана како мобилен работен простор, оваа масичка е свесна за промената на режимот за да можете да живеете добро избалансиран живот дури и додека работите од дома.

Во почетната форма, масата изгледа како тесна дрвена кутија за складирање, а потоа нејзиниот преден дел се претвора во совршена работна површина. Одржувајќи го дизајнот на минимум, масата е сведена на наједноставна форма за да се нагласи нејзината пристапност.

masa2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top