Насловна / Вести / Православна црква во Шангај претворена во книжарница

Православна црква во Шангај претворена во книжарница

Архитектонското биро „Wutopia Lab“ направило проект за обнова на православната црква од 1932 година на улицата Gaolan во Шангај. Сепак, црквата на оваа адреса не постои веќе многу години, па во последните децении, оваа зграда била канцелариски простор, фабрика, кантина, потоа клуб и ресторан, а потоа е целосно напуштена.

2_resize

Меѓутоа, сега зградата е претворена, како што велат архитектите, во „светилиште посветено на стихови“. Во рамките на објектот од 388 квадратни метри, сега има книжарница со повеќе од 1.000 наслови на повеќе јазици, а книгите се изложени во централна челична полица тешка 45 тони која ја следи оригиналната архитектура на објектот.

4_resize

Целиот проект е работен под будното око на Заводот за заштита на историски градби на градот Шангај. Постоечката фасада, структурниот систем, основата и препознатливата внатрешна декорација на ѕидовите и куполата не семееле да се променат. Дозволено е да се отстрани челичната конструкција изградена во 90-тите години на минатиот век, со која внатрешноста на објектот е поделена.

3_resize

Сите последователни конструктивни доработки се отстранети со цел да се врати првобитната состојба како што било во 1932 година. Сите оригинални материјали, конструкција, цветна декорација, подови, но и сите детали што биле додадени до 2019 година, се задржани.

5_resize

6_resize

Откако објектот е вратена во претходната состојба, пристапено е на осмислување на обнова на  просторот со цел да се прилагоди на новата функција – а тоа е книжарница. Архитектот се одлучил за концептот кој тој го нарекува „црква во црква“.

8_resize

„Со оглед на фактот дека куполата не можеше да се трансформира, користевме полици за да создадеме нова структура како црква во старата зграда на некогашната вистинска црква. Така е создадено светилиште на современи луѓе на местото каде порано се наоѓаше светилиштето на верата“, вели архитектот од шангајското архитектонско биро Wutopia Lab.

Масивната челична полица нема заден дел, така што ѕидовите не се прекриени. Благодарение на тоа, за посетителите се отвораат разни траги на ѕдовите и столбовите од 1932 до 2019 година, вклучувајќи фрески во западноевропскиот реализам, кои почесто се среќаваат во католичките цркви. На барање на сопственикот на ресторанот, тие биле нацртани од студенти на Академијата за уметности во 2000 година.

1_resize

Преку куполата, светлината влегува во просторот, ја преминува полицата и ги осветлува книгите. Челичната полица и црквата од тули станале едно.

9_resize

10_resize

Во рамките на објектот, организирани се две кафулиња на источната и западната страна од зградата.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top