Насловна / Вести / Повторно се гради кафулето во „Мавровка“

Повторно се гради кафулето во „Мавровка“

Четири месеци по уривањето на дивоградбата на местото каде беше кафулето „Фонтана“ во ТЦ Мавровка, повторно се гради. Овој пат столбовите не се армирано-бетонски, туку челични.

2_resize

Од Општина Чаир за „360 степени“ велат: „Согласно законот за градење, согласно проектот, сопственикот има дозвола да гo врати објектот во првобитната состојба. Нема бетон, столбовите не се бетонски, тоа е лесна конструкција“.

Случајот со дивоградбата кај „Мавровка“ со месеци ја брануваше јавноста, особено по изјавите од надлежните институции дека не можат да го откријат инвеститорот на објектот. Објектот стана „државен проблем“ и „симбол за решеноста“ на новата влада да се бори против криминалот. Лично премиерот најави дека објектот ќе се руши, а насоките за тоа беа донесени на владина седница.

Инвеститорот тврдеше дека имал одобрение за обнова на локалот по пожарот и во таков случај не било важно со каков материјал ќе се обнови објектот, туку само да не излегува од постоечката површина.

1_resize

За претходно изградената дивоградба, сопственикот на објектот доби кривична пријава од Министерството за внатрешни работи за бесправно градење.

Од Јавното обвинителство за „360 степени“ велат дека истрагата привршува. Во меѓувреме поставени се челичните столбови. Познавајќи ги приликите кај нас во градежното дивеење, очекуваме да следат изјави дека објектот ќе биде монтажен, што би значело од времен карактер и да се повикаат на омиленото, стекнатото право на градење.

Извор: 360 степени

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top