Насловна / Архитектура / Повик за дизајнирање на велосипедски паркинг во склоп на Транспортниот центар Скопје

Повик за дизајнирање на велосипедски паркинг во склоп на Транспортниот центар Скопје

Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб објавува повик за креативен и иновативен дизајн на велосипедски паркинг кој ќе се постави на локација во склоп на Транспортниот центар Скопје.

Повикот е отворен до 30. март за сите (индивидуи, тимови и правни лица), а особено се поттикнуваат пријави од мултидисциплинарни тимови кои посебно ќе се вреднуваат, а кои што ќе достават финален продукт кој што вклучува:

- Дизајн на модул за велосипедски паркинг + опис на технички карактеристики/спецификации

- Дизајн на локацијата (вело пјацета)  на која ќе се постави модул за велосипедскиот паркинг

- Предлог буџет за изведба

Наградени ќе бидат трите најдобри решенија: првонаграденото решение ќе добие 700 евра, второнаграденото 500 евра и третонаграденото 300 евра бруто сума. Избраното првонаградено решение останува во сопственост на Град Скопје.

tocak

По избор на најдоброто решение ќе се помине во втора фаза, односно ќе се отвори повик за изведба. Од лицето или тимот кој стои позади првонаграденото решение се очекува давање поддршка на избраниот изведувач при реализација на решението.

Можете да видите повеќе и да аплицирате на следниот линк: https://www.skopjelab.mk/velosipedski-parking/

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top