Насловна / Вести / Последните четири години биле најтопли од почетокот на мерење на температурата

Последните четири години биле најтопли од почетокот на мерење на температурата

Минатата година била четврта најтопла во историјата на мерење на температурата, продолжувајќи го трендот на загревање на Земјата поради гасовите, објави европската агенција за климатски промени Коперникус.

топ1
Просечната температура на воздухот била 14,7 степени Целзиусови, само 0,2 степена помалку од рекордните, се вели во првата глобална проценка базирана на целогодишните податоци.
И 2019. веројатно ќе биде топла, велат научниците во агенцијата.

„Драматичните климатски случувања, како сувите и топли лета во големи подрачја на Европа или растечките температури околу Арктикот се алармирачки знаци за сите нас“, изјави Жак Ноел Тепаус, челникот на Коперникус.
Помеѓу останатите екстреми во 2018., Калифорнија и Грција претрпеа огромни шумски пожари, Керала во Индија имаше најголема поплава од дваесетите години на 20. век, а бран на жештини погоди делови на планетата од Австралија до северна Африка.

top3
Околу Антартикот, површината под морски лед е од почетокот на 2010, на најниско ниво, покажуваат податоците на американскиот Нацинален центар за снег и лед.
Последните четири години во просек биле најтопли од почетокот на мерење на температурата во 19. век. 2016 година била најтопла, благодарение на Ел Нињо кој ја загреал површината на Пацификот, а потоа следи 2017.

top2
Во извештајот на Коперникус се вели дека концентрацијата на јаглерод – диоксид во атмосферата достигнала нов рекорд од 406,7 ppm во однос на 404,1 во 2017., воглавном благодарејќи на согорување на фосилните горива.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top