Насловна / Вести / Поштата на Словенија започнува испорака на пратки со дронови

Поштата на Словенија започнува испорака на пратки со дронови

Поштата на Словенија го изврши првиот пробен лет со дронови за испорака на пратки, во соработка со словенечката компанија VanDron. Ова е прбавна и нов чекор кон обезбедување на испорака на пратки со дрон во подрачја каде доставата на конвенционален начин е бавна и неефикасна. Според зборовите на извршниот директор, Tomaž Kokot, компанијата е вклучена во процес на изработка на прописи кои го регулираат летањето и работењето на беспилотните летала во Словенија, со јана цел пронаоѓање на нови деловни прилики.

Технологијата веќе подолго време тоа го овозможува, но прописите кои го регулираат воздушниот простор се сериозна пречка. Во моментот во Европа има малку маневарски простор кој би овозможил такви испораки во големи размери. Главните предности на користењето на дроновите во Поштата на Словенија, се намалување на загадувањето, оптимизација на логистичките рути и брза испорака на основната стока и материјали во тешко достапни и оддалечени подрачја.

dron

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top