Насловна / Вести / Поглед на Менхетн се чува за 11 милиони долари

Поглед на Менхетн се чува за 11 милиони долари

Погледот се чува, а кога е потребно за него почнува и борба. Долго се води спор околу погледите на Бруклинскиот мост кои ги блокирале новите станови изградени покрај брегот, како и околу сенката која становите на милијардерите ја фрлиле на Централ парк.
Кога жителите на 12 катна зграда во Челзи дознале дека предложениот облакодер во нивното соседство потполно ги засолнува нивните прозори и го блокира нивниот поглед на Емпајер стејт билдинг, одлучие да си го купат погледот. Се собрале и на инвеститорот му предложиле невообичаена понуда – 11 милиони долари за да не гради. Кога се дознало дека сопствениците на некогашна зграда на склад кој завзема 520 квадратни метри, два пати повеќе од просечна американска нова куќа, биле спремни да платат толку голема сума само за да го зачуваат погледот, оваа вест одекнала во Њујорк како бомба.

1

Во шума од високи згради во Њујорк, погледот има непроценлива вредност

Сопствениците се определиле за типична стратегија на инвеститорите и ја свртеле наопаку. На соседниот плац го откупиле правото на градење, но немаат намера да го користат тоа право, туку да го спречат инвеститорот да изгради зграда повисока од четири ката на аголот на Седма авенија и Западна 17. улица. „Луќето купуваат сешто, но никогаш не сум чул дека некој е подготвен да даде толку многу пари за нешто неопипливо, како што е поглед од прозор“, се чуди Џордан Баровиц, потпретседател на компанија која се занимава со недвижности.

2

Згради кои фрлаат сенка на Централ парк

Овој договор е постигнат уште 2016. година, но ниту една од вклучените страни не сакала да говори за тоа. „Беше скапо. Не би рекол претерано скапо, но е скапо“, вели Џон Мјуз, инвеститор од Тексас и сопственик на стан во поменатата зграда во кој живеат неговите деца.
Сите станари не платиле ист износ. Сопствениците на пониските катови плаќале помалку, а оние на најниските катови не платиле ништо. Истражувањето покажало дека во последните пет години ова не е единствен пример на сличен договор помеѓу станари и сопственик на соседен плац. Соседите на Источната 67. улица, станари на шест катница платиле 3.25 милиони долари за купување „право на воздух“.
Зградата во форма на буквата L во Челзи, која се налаоѓа неколку блокови понатаму од Вест Вилиџ и седиштето на компаније „Гугл“ во Њујорк, била дом на многу уметници и славни личноста кои ги привлекувале пространите станови со високи плафони.

3
Во оваа зграда некогаш живеел и мажот на Мерил Стрип, вајарот Дон Гамер. Глумецот Харисон Форд бил сопственик на пентхаусот во оваа зграда, а го продал во 2012. година за околу 15 милиони долари. Неодамна еден стан е продаден за 9.75 милиони долари. Продажбата на овие станови почнала веднаш штом инвеститорот од „Ектел девелопмент“ јасно дал на знаење дека има намера да изгради зграда висока 145 метри на аголот на Седма авенија и 17. улица. Новата зграда требало да биде висока како и постоечката со форма на буквата L и да биде поставена директно во нејзината внатрешност.

4
Инвеститорот во почетокот барал повеќе од 11 милиони долари, но по повеќе состаноци и ценкање постигнат е договор. Сега наместо нова зграда на аголот е изграден четирикатен деловен објект.

Доколку во меѓувреме не се појави некој со понуда која ќе биде премногу добра за да биде одбиена.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top