Насловна / Архитектура / Центар за креативни индустрии во Кишињев

Центар за креативни индустрии во Кишињев

АРТКОР – Центарот за креативни индустрии е предвиден во историското јадро на Кишињев во дворот на Уметничката академија. Центарот ќе стане место за развиток на креативни индустрии на Молдавија. Просторното решение на објектот условено е со локацијата и формата на парцела, постоење на архитектонски споменик од 19. век и соседните објекти.

1

Проектот за центарот опфаќа нова зграда од 400 квадратни метри и дел од 450 квадратни метри на старата зграда на Академијата. Дел од локацијата (1200 квдратни метри) завземала стара складишна зграда со вкупно 300 квадратни метри чие рушење отворило дополнителен простор за јавна намена.

Во новата зграда проектиран е простор за куклтура и простор за деловна намена, а на вториот кат е просторот за работа и соработка. Кровот е зелене тераса.

2

Левиот дел на првиот кат на зградата на Академијата (изградена 50-тите години) вклучува простори за работилници, книжара и сали за состаноци. Додадени се простори за администрација на центарот. Музичкиот дел, кој се состои од простор за снимање и просторија за проби преместен е во обновениот подрум.

6

Задачата била што е можно повеќе да се сочува историската позадина, а да се создаде простор со мешовита намена. Архитектот Maxim Calujac создал активен урбан простор, претварајќи го дворот во активна урбана зона, достапна на посетителите. Нагласеното зеленило и уметничкиот простор, урбаниот мебел на местото се појавуваат како уметничка инсталација.

3

Новата конструкција од армирано бетон покриена е со челик, а на бетонската фасада релјефни фрагменти ја симболизираат човековата природа.

4

5

Во создавањето на декоративните елементи за центарот, архитектот тесно соработувал со студентите, уметниците и професорите на Академијата.

10 11

12 13 14

Испрати коментар

Scroll To Top