Насловна / Вести / Подгорица започнува изградба на систем за прочистување на отпадни води во вредност од 50 милиони евра

Подгорица започнува изградба на систем за прочистување на отпадни води во вредност од 50 милиони евра

Град Подгорица започна со изведба на проектот за систем за прочистување на отпадни води, чија вредност на инвестицијата е 50 милиони евра.  Градоначалникот истакнува дека станува збор за проект на векот за Подгорица, бидејќи овозможува заштита на реката Морача, подземните води и изворите за снабдување со вода на Скадарскиот басен. Проектот ги вклучува следните компоненти – главен колектор со должина од над 5 km, мрежа за отпадни води од 20 km, изградба на мост на река Морача и постројка за третман на отпадните води. Изведувач на работите е градежната компанија Bemax. Обезбеден е заем од KfW банката во висина од 35 милиони евра, додека Европската Унија доделила грант од 10 милиони евра преку Western Balkans Investment Framework (WBIF).  ЕУ амбасадорот во Црна Гора, Аиво Орав изјавил дека проектот е извонредно значаен за заштита на животната средина и квалитетот на живот, бидејќи 75% од отпадните води потекнува од домаќинствата.

podgorica1

podgorica2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top