Насловна / Вести / Почнува реконструкција на Градскиот парк во Кочани

Почнува реконструкција на Градскиот парк во Кочани

Општина Кочани го распиша јавниот повик за избор на изведувач за реконструкција на Градскиот парк.

Партерното уредување на шеталиштето ќе зафати површина од 5.420 метри квадратни. Поплочувањето ќе се врши од северниот дел – мостот кај Шопинг-центарот, јужно  кон „Пролет“, сѐ до Двојниот мост. Подот ќе биде изграден од гранитни нелизгачки плочки. Во централниот дел на паркот, пред Центарот за култура, ќе се изгради музичка фонтана по принцип на распрскувачи. Ќе бидат поставени монтажни киосци, современо обликувана урбана опрема и информативно пано – билборд со мултимедијален екран.  Проектирани се нови амфитеатрални скали, конзолно спуштени кон Кочанска Река. Спомен-бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче ќе бидат преместени источно, а ќе биде изграден и санитарен јазол.

0

2

Реконструкцијата на Градскиот парк е со цел да се оформи осмислен простор како шеталиште, кое во себе ќе има привлечни содржини и ќе нуди различни можности за посетителите.

На реконструкцијата на Градскиот парк, ќе се надоврзи и изградбата на новиот пешачки мост „Пријателство“.

1 (1)

3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top