Насловна / Вести / Почнува манифестацијата „Европски денови на културното наследство“

Почнува манифестацијата „Европски денови на културното наследство“

Одбележувањето на Европските денови на културното наследство во Македонија почнува денес со свечено отворање на манифестацијата и со изложбата „Дваесет години европско наследство“ во Музејот на Македонија.

evropskonasledstvo

Годинава, акцентот на оваа манифестација која ќе трае до 1 октомври, е на индустриското и техничкото наследство.

Програма:

22 септември

12:00 ч. Музеј на Македонија, Скопје

Свечено отворање на манифестацијата и изложбата „Дваесет години европско наследство“.

Управа за заштита на културното наследство

Презентација на индустриското и стопанското наследство во зградата на Општина Дебар и посета на стара воденица во с. Бањиште во рамките на Пилот проектот за локален развој на регионот Дебар и Река.

Музеј на тетовскиот крај, Тетово

Отворање на Изложба на фотографии и уметнички слики на борците од Тетово и Тетовско од Третиот партизански одред

23 септември

Завод и музеј Битола, Битола

„Креираме и чуваме – Учиме за нас ” – едукативни работилници во постојана поставка на НУ Завод и музеј.

22 – 24 септември

Завод и музеј Битола, Битола

Изложба „Ликовна колонија Нижеполе“ во Магаза

24 септември

Завод и музеј Битола, Битола

„Мултикултурна Битола“ – едукативна работилиница и посета на споменици на културата. Музеј на тетовскиот крај, Тетово Етно-час „Културното наследство – чувар на идентитетот на народите“.

25 септември

Завод и музеј Битола, Битола

„Индустрија и превоз во Битола“ – едукативна работилиница и посета на стари фабрики, железничката станица и старите мостови во Битола и Битолско. Отворање на изложбата „Портретирани сеќавања“ на Јана Манева Чупоска во Магаза

Музеј „Теракота“, Виница

Презентација на проектот „Европска комуникација преку културите“

22 – 25 септември

Археолошки локалитет Скупи.

26 септември

Музеј на тетовскиот крај, Тетово

Историски час пред спомен бистите на хероите Тодор Циповски Мерџан и Гоце Стојчески. 26 – 27 септември

Бесплатен влез за посета на Археолошкиот локалитет Стоби

27 септември

12:30 ч. Музеј на Македонија и Фолклорна група„Копачка“, с. Драмче

Видео презентација и изведба на соборското оро „Копачка“ од с. Драмче, Пијанец како културно наследство од исклучително значење, запишано во Репрезентативната листа на УНЕСКО на нематеријално културно наследство на човештвото.

12:00 ч. Музеј на град Кратово, Кратово

Отворање на изложбата „Накитот во кратовскиот крај“.

28 септември

Музеј на Македонија и Дом на културата „Иван Мазов – Климе“, Кавадарци

Презентација „Европското индустриско наследство Платформата на Европските денови на културното наследство“ во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“, Кавадарци.

Mузеј на западна Македонија во НОВ, Кичево

Отворање на изложбата на фотографии „Народни носии од Кичево и Кичевско“. Музеј на тетовскиот крај, Тетово Историски час за животниот пат на народниот херој Гоце Стојчески.

29 септември

Археолошки музеј на Македонија – Музејска збирка Кочани, Кочани

13:00 ч. Отворање на изложбата „Фотографии наградени на Меѓународниот конкурс за фотографија од културното наследство 2014“ во Етно-куќата во Кочани.

Народен музеј Велес, Велес

Отворање на изложбата на Александар Попов „Во чест на Лазар Личеноски“

20:00 ч. Музеј на тетовскиот крај, Тетово

Годишна изложба на фотографии на членовите на Фото-кино клубот „ЧКРАП“

22 септември – 1 октомври

Најмал етно музеј во светот, с. Џепчиште, Тетовско

Презентирање на 25 колекции по повод 25 години од постоењето на музејот.

Археолошки музеј на Македонија, Скопје

Изложба „Накитот од Македонија низ вековите“

Бесплатен влез за посета на Неолитското село Тумба Маџари.

Музеј и Галерија Кавадарци

Изложба „Занаетчиството во Кавадарци низ историјата“.

Природонаучен музеј на Македонија, Скопје

Бесплатен влез за посета на постојаните поставки.

Музеј д-р Никола Незлобински, Струга

Постојани поставки.

Народен музеј Гевгелија, Гевгелија

Организирана посета на постојаните поставки и археолошкиот локалитет Вардарски Рид

Испрати коментар

Scroll To Top