Насловна / Вести / Првото паметно возило на Apple во продажба во 2019!

Првото паметно возило на Apple во продажба во 2019!

epl elektricno vozilo (5)

Apple сака да го пушти во продажба своето прво паметно возило во 2019 година, според извештајот на Даисуке Вакабајаши од Wall Street Journal.

Од компанијата изјавуваат дека ова е проект на кој се многу посветени интерно. Планираат тројно да го зголемат бројот на луѓе кои работат на него.

Иницијативата, која е наречена Project Titan, се состои од 600 луѓе.

Иако многу извештаи досега сугерираа дека Apple работи на паметен автомобил кој сам ќе се вози, првото возило на компанијата веројатно нема да биде целосно автономно, пишува Вакајабаши.epl elektricno vozilo (4)

Иако од Apple велат дека целат на лансирање на продуктот во 2019 година, можно е да треба да почекаме малку подолго. Како што кажува извештајот, создавањето на автомобил од почеток е комплексна работа, а оние кои се запознаени со плановите на Apple се скептични за тоа дали компанијата ќе може да го постигне рокот.epl elektricno vozilo (3)

Извештајот бил објавен откако од Apple се сретнале со овластени лица од Департманот за моторни возила на Калифорнија за да дискутираат за регулативите за автономни возила на државата. Guardian јави во август дека во Apple започнале да бараат простории за тестирање на автономни возила.

epl elektricno vozilo (2)

The Journal прв јави дека во Apple планирале да развие сопствен електричен автомобил во февруари. Оттогаш компанијата направи многу вработувања на високообразовани експерти од таа област, меѓу кои и Даг Бетс од Chrysler и истражувачот на автономни возила, Пол Фургале.

Во февруари, од Apple информирале за Business Insider дека компанијата работи на проект, кој би ги тестирал Tesla колку се добри.epl elektricno vozilo

Испрати коментар

Scroll To Top