Насловна / Вести / Почна пошумувањето околу езерото „Младост“

Почна пошумувањето околу езерото „Младост“

Почна обновата на шумата кај велешкото езеро „Младост“, која пред еден месец изгоре во пожар. Се чисти теренот од опожарените дрвја и се преорува изгорената земја. Во акцијата учествуваа војниците на армијата, а вработените од Национални шуми ќе работат на обнова на шумата крај езерото „Младост“ до пролет.

Ќе се садат иглолисни видови, но не и црн бор, каков што изгоре.

veles1

На пошумувањето беше и претседателот Стево Пендаровски кој заедно со градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, е еден од првите кои засадија дрво на опожарената површина крај велешкото езеро „Младост“.

На првиот ден се засадија 30-тина садници, а првото поголемо пошумување е закажано за 9 ноември, Денот на ослободувањето на Велес.

Претседателот Пендаровски ја искористи приликата да ги посети велешките пожарникари, кои 11 часа се бореа со огнената стихија околу езерото.

Најави донации од две странски амбасади во противпожарна опрема, со што значително ќе се подобри капацитетот на оваа служба.

Испрати коментар

Scroll To Top