Насловна / Вести / Светските лидери со ветување дека ќе се борат против климатските промени

Светските лидери со ветување дека ќе се борат против климатските промени

Светските лидери се заложија на самитот за климатски самити на ОН во Њујорк дека ќе сторат повеќе за да спречат глобалното затоплување да достигне уште поопасно ниво. Сепак, тие признаа дека тоа не е доволно. И младата шведска активистка Грета Тунберг во исто време им порача дека потфрлиле во борбата против климатски промени.

„Ги украдовте моите сништа и моето детство со вашите празни зборови“, кажа 16-годишната Тунберг, чии протести пред зградата на шведскиот парламент покренаа глобално движење на младите против климатски промени.

klimatski samit3

Чилеанскиот претседател Себастијан Пињера, кој е домаќин на разговорите за климата рече дека 66 земји ветиле дека ќе имаат поамбициозни цели за климатските промени, додека 30 земји ветиле дека ќе постигнат неутралност од јаглерод до околу 2050 година. Лидерите на Финска и Германија, исто така, ветија дека ќе забранат јаглен во рок од десет години. На самитот се зборуваше и за американскиот претседател Доналд Трамп, иако тој не се обрати. Трамп непланирано дојде на самитот, иако САД не беа на агендата, и се задржа околу 15 минути. Според американски медиуми, тој внимателно го слушал обраќањето на германската канцеларка Ангела Меркел и индискиот премиер Наренду Моди пред да замине од салата. Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави дека земјите мора да ги исполнат своите обврски според Парискиот договор за климата. “Повлекувањето на одредени партии нема да ја поткопа заедничката цел на светската заедница“, рече Ванг. Специјалниот претставник на ОН  за климатски промени и поранешен градоначалник на Њјорк, Мајкл Блумберг, му се заблагодари на Трамп што свратил на самитот, додавајќи дека таквиот потег може да се покаже како корисен „при формулирање на климатската политика“. Тоа предизвика смеа и аплауз во Генералното собрание на ОН.

klimatski samit1

Самитот го отвори генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, велејќи дека „Земјата испушта студен крик: Престанете“. Гутереш им порача на светските лидери дека не е време за преговори, туку за акција да се постигне неутралност на јаглерод до 2050 година. Тој рече дека сака да се ограничи зголемувањето на глобалните температури, додавајќи дека светот би можел да го постигне тоа. На Самитот францускиот претседател Емануел Макрон ги потсети колегите дека мора да ги вклучат климатските промени во нивната трговска и финансиска политика. Макрон рече дека земјите не треба да увезуваат стоки што го зголемуваат загадувањето со јаглерод диоксид. Тој, исто така, побара од другите нации да ги зголемат своите придонеси во Зелениот климатски фонд, кој им помага на сиромашните нации да се справат со климатските проблеми. Макрон рече дека меѓународните организации се согласиле да донираат 500 милиони долари за заштита на тропските шуми. “Акција, акција, само акција, не смееме да дозволиме младите луѓе да бидат на улица секој петок и да протестираат“, изјави Макрон. И Ангела Меркел вети дека Германија ќе ги удвои средствата за борбата против глобалното затоплување на четири милијарди евра. Пред самитот, Русија објави дека ќе му пристапи на Парискиот договор за климата.

Самитот се одржува само три дена откако милиони луѓе низ цел свет се приклучија на глобалниот протест против климатски промени. Исто така, во пресрет на самитот научниците предупредија дека ефектите на глобалното затоплување се забрзуваат.

klimatski samit

Во седиштето на ООН во Њујорк, на 74-тото Генерално собрание на Обединетите Нации со Самитот за климатска акција, на кој учествуваат владини делегации од 193 земји членки на ОН, беше и владина делегација на Република Северна Македонија предводена од претседателот на Владата.

Министерството за животна средина и просторно планирање, беше претставувано од министерот Насер Нуредини, како одговорен орган на државната управа надлежен за предлагање на политиките за намалени климатски пормени, активно учествуваше во подготовките за Самитот, предлагајќи ја  засилената заложба за намалени климатски промени која се достави на барање на Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

“Наша задача е да продолжиме со интегрирање на заложбите за намалени климатски промени со останатите цели за одржливиот развој, обезбедувајќи понизок јаглероден раст и развој и можност за создавање на „зелени“ работни места“, е ставот на министерот Нуредини.

Испрати коментар

Scroll To Top