Насловна / Арт и дизајн / Почина Вирџил Абло

Почина Вирџил Абло

По две години борба со ретка форма на рак, на 28. ноември 2021 година, почина Вирџил Абло на 41. годишна возраст. Лидер во светот на дизајнот, Абло беше извршен директор и основач на сопствената компанија Off-White и уметнички директор на Louis Vuitton машка облека.

0_resize

Вирџил Абло е роден на 30. септември 1980 година во Рокфорд, Илиноис, од родители емигранти од Гана. Дипломирал градежништвото на Универзитетот Wisconsin-Madisonво во 2002 година. Магистрирал архитектура на Illinois Institute of Technology (IIT) во 2006 година. Кога Абло го посетувал IIT, во кампусот во изградба бил објект проектиран од архитектот Рем Колхас (кој исто така работеше на колекциите на пистите за Прада) што помогнало да се разбудат неговите интереси за модата. Додека студирал архитектура, дизајнирал маици и пишувал за модата и дизајнот за The Brilliance.

000_resize

Вирџил Абло и Рем Колхас

Освен што водел сопствен бренд, тој делувал и како советник за одржлив дизајн за Evian и соработувал со голем број светски компании и познати брендови и институции, од Nike до музејот Лувр во Париз.

p_resize

Pioneer DJ

Откако дипломирал во 2006 година, достигнувањата на Абло се разновидни и многу обемни: тој е креативен директор во креативната агенција на Канје Вест „Dondа“, соработувал со ИКЕА, Nike, Pioneer DJ, Vitra и аудио инженерот, Devon Turnbull. Списокот продолжува: номиниран е за Grammy за уметничка режија на албумот на Jay-Z и Kanye West „Watch the Throne“, имал низа изложби во галериите Gagosian со јапонскиот уметникот Такаши Мураками, предавал на Харвард и Колумбија.

v_resize

Vitra

Од Nike за него велат дека е еден од најбрзите нивни соработници било кога, Абло повторно ги  реобмислил 10. најпознати патики на брендот во тек на само 10 месеци од идеја до реализација. Меѓу дизајните се и иконичните Air Jordan 1. „Она за што зборуваме овде е поголемо од патики, поголемо од дизајнерската култура“, изјавил Абло за одлуката повторно да се произведат патиките. „Овие 10 патики ги скршија бариерите во изведбата и стилот. За мене тие се на исто ниво како скулптурата на Давид или Мона Лиза“.

2_resize

Air Jordan 1

Абло соработувал и со директорот на дизајн на Mercedes-Benz, Gorden Wagene како повторно би го осмоислил класичниот G-Wagon на брендот.

Од неговата соработка со ИКЕА, Абло се надевал дека ќе ги направи своите дизајни достапни за помладата, помалку богата клијентела. Колекцијата особено беше насочена кон студентите и младите кои се вселуваат во своите први домови. Помеѓу парчињата за домашен прибор, од кои многу се распродадоа за неколку минути, имаше килим дизајниран да изгледа како сметка за килим од ИКЕА.

4_resize

3_resize

G-Wagon 

Абло оддаде почит на своите архитектонски корени во својата колекција машка облека за Fall-Winter 2021 collection for Louis Vuitton, која имаше големи пуфер јакни обвиткани во 3Д модели на иконични згради.

5_resize

Абло отвори голема изложба во Музејот на современа уметност во Чикаго со наслов „Figures of Speech“, а следната година, по протестите за социјална правда во 2020 година, го основа „Post-Modern“, фонд за стипендии, собирајќи еден милион долари за да ги охрабри црните студенти во мода. На почетокот на оваа година LVMH го зголеми својот удел во Off-White на 60 отсто, знак дека брендот има поддршка за следното, повисоко ниво.

pa_resize

„Figures of Speech“

Во мај, тој го облече Спајк Ли за неговата улога на претседател на Големото жири на Филмскиот фестивал во Кан во светло розево одело и костум во тонови на зајдисонце, и го направи тема на фестивалот.

1_resize

Во текот на својата извонредна кариера наградуван е со многу награди, а последен ја освои наградата British Fashion Awards „Urban Luxe” и меѓународен дизајнер на годината на додела на наградите GQ Men of the Year 2017.

Вирџин Абло беше црн дизајнер, кој ги проби бариерите, чие искачување на височините на традиционалната луксузна индустрија го промени она што дотогаш беше можно.

00_resize

Испрати коментар

Scroll To Top