Насловна / Архитектура / Куќа за одмор проектирана во согласност со потребите на децата

Куќа за одмор проектирана во согласност со потребите на децата

Станбената куќа од само 100 метри квадратни заедно со дворот нуди се што е потребно за удобен престој на едно семејство. Исто така, може да се каже дека овој проект е инициран од идејата за игра, што значи искуство проследено со забава и уживање во еден простор.

dvor

Како што објаснуваат архитектите од бирото Rieuldorang Atelier, кои го потпишуваат проектот Marea House во Јужна Кореја, идејата се развила околу тоа дека повеќето луѓе кои живеат во станови немаат можност да си играат со децата во нивниот животен простор, пишува порталот Archdaily.

Претходното искуство во дизајнирање на градинки им помогнало на архитектите да ја дизајнираат куќата и дворот во согласност со потребите на детското движење и игра.

dvor1

Бидејќи куќата е создадена со идеја за изнајмување, се разгледувал односот меѓу услугата и цената. Имајќи предвид дека квалитетот на архитектурата води до луксузен стандард, длабоко се размислувал секој детал во просторот – за движењето, големината на просторијата, висината на креветот, како и шемата на детското игралиште.

Внатрешната организација е изведена така што двете спални соби со нивните бањи се поставени на значително растојание, така што две семејства можат удобно да престојуваат во куќата во исто време.

dvor4

Кујната и дневната соба функционираат како заеднички простори.

Кога ќе се погледне наназад во дворот, би се рекло дека рамен тревник ќе има повеќе смисла во ваков концепт отколку брановидно поле за играње. Сепак, непосредната околина е организирана како благо ридест терен, погоден за различни видови игри.

dvor2

Досегашните прегледи на гостите докажуваат дека децата во ваква средина успеваат самостојно да ја организираат играта и сето тоа само благодарение на ридската почва и земја.

Играта може да се пренесе и на внатрешниот базен, кој благодарение на застаклувањето има директна визуелна врска со околината.

dvor3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top