Насловна / Вести / Побрз развој на биобазирани и биохибридни материјали за индустријата за пластика

Побрз развој на биобазирани и биохибридни материјали за индустријата за пластика

Индустријата за пластика е во трансформација, бидејќи постои се поголем притисок материјалите на база на нафта да се заменат  со одржливи алтернативи. Но, самата одржливост не е доволна бидејќи биобазираните пластики мора да бидат способни за повеќе.

Забрзувањето на развојот на нови материјали, кои не се само еколошки туку и функционално супериорни, го спроведуваат неколку институти во Германија. Во проектот наречен SUBI²MA, истражувачите се фокусираат на три главни цели: понатамошен развој на нови биобазирани материјали, развој на нови биохибридни материјали и дигитален fast-track развој.

Истражувачите од искуство знаат дека развојот и замената на материјалите често бараат долг временски период, а во многу случаи не е однапред јасно која примена најдобро ќе одговара за одреден материјал. Токму затоа е воведена третата цел – забрзан развој со дигитални решенија.

Испрати коментар

Scroll To Top