Откако ја објави листата од седум проекти кои беа во потесен избор за 2025 година преку онлајн галерија, Фондацијата Bethany Beyond Jordan го објави победникот на меѓународниот архитектонски конкурс за Музејот на крштевањето на Исус во Бетани, Јордан.
Конкурсот го управувале Malcolm Reading Consultants, а во текот на шест месеци собрале мултидисциплинарни тимови предводени од архитекти за да обликуваат музејски и пејзажен проект кој одговара на светиот карактер на Ал-Магтас, локалитет на светското наследство на УНЕСКО.
По разговорите со финалистите водени од меѓународен советодавен тим, бирото на овогодинешниот добитник на златен медал на RIBA за архитектура – Níall McLaughlin Architects (NMLA) – избрано е за победник.

Витанија од другата страна на Јордан
Предметната област, овековечена во Евангелието според Јован како „Витанија од другата страна на Јордан“, одамна е дестинација за поклонение за христијаните и е дел од пошироката зона на развој на местото на Исусовото крштевање на источниот брег на реката Јордан.
Планирано е музејот да биде отворен во 2030 година, по повод две илјади години од крштевањето на Христос, а замислен е како културен и духовен орјентир кој поттикнува размислување, учење и културна размена, истовремено подобрувајќи го искуството од посетата на историскиот локалитет.
Предлогот на архитектите Níall McLaughlin Architects е избран меѓу финалистите, меѓу кои беа AAU Anastas, Heneghan Peng Architects, Studio Anne Holtrop, Tatiana Bilbao Estudio, Toshiko Mori Architects и Trahan Architects.
Победничкото решение се издвоило по својата просторна нарација што ги внурнува посетителите во доживувањето на просторот, но и со сензитивниот однос кон пејзажот и соседиот УНЕСКО локалитет.

Организирано како патување во правец исток – запад, музејот ги води посетителите од сушниот градинарски пејзаж во зградата, преку водната пукнатина што ја симболизира реката Јордан, па сè до засадената градина што го означува завршувањето на просторната секвенца. Оваа нарација е дополнително нагласена со архитектонската и просторната стратегија на проектот.
Источните и западните излези се порамнети со линијата на јавниот плоштад, додека отворениот, скалесто оформен пејзаж постепено се издига до покривот, дозволувајќи им на посетителите да преминуваат преку зградата како дел од јавен простор. Од оваа издигната рута се пружа поглед кон долината на реката Јордан и историскиот пат за поклонение што води кон местото на крштевањето.

Локален камен и техника на набиена земја
Зградата е замислена како ниска структура интегрирана во теренот, изведена од локален камен и набиена земја, инспирирана од традиционалната јорданска архитектура, објасниле ирските архитекти.
Општествената одговорност и нискојаглеродната изградба претставуваат клучни компоненти на предлогот. Така, проектот нагласува употреба на локална работна сила, знаење и материјали со цел да се намали еколошкото влијание и во исто време да се поддржи регионалната занаетчиска традиција.

Тимот на NMLA е поддржан од Engicon како локален консултант, инженерскиот гигант Arup за студии за дневна светлина и сенки и студиото ZNA со седиште во Лондон за дизајн на осветлувањето.
Пејзажната стратегија ја води Kim Wilkie Landscape, воведувајќи оградени градини засадени со автохтони и миризливи растителни видови, со што се користи околната дивина како рамка за музејот.
Поставката на изложбата ја потпишува Nissen Richards Studio, кое преку варијации на светлина, звук и материјали создава импресивна атмосфера базирана на темите пустина, вода и сведоштва.

Културна дестинација од глобално значење
Конкурсот го надгледуваше советодавен тим составен од експерти за архитектура, пејзажна архитектура, зачувување на наследството и музејска пракса, меѓу кои се Tharwat Almasalha, Barry Bergdoll, Alia Al-Senussi, David B. Greenbaum, Ousama Gabi Ghannoum, Mónica Luengo, Leen A. Fakhoury и Aziz Husein.
На понатамошниот развој на проектот, Фондацијата тесно ќе соработува со тимот предводен од бирото Níall McLaughlin Architects“, во координација со УНЕСКО, локалните заедници и меѓународните партнери, а се очекува музејот да стане културна дестинација од глобално значење.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија