Насловна / Арт и дизајн / Picasso.mania во „Гран Пале“ во Париз

Picasso.mania во „Гран Пале“ во Париз

pikaso manija (10)

Во музејот „Гран Пале“ во Париз, отворена е изложба посветена на големиот шпански и светски уметник Пабло Пикасо (1881-1973).

Со наслов Picasso.mania, поставката го „конфронтира“ славниот уметник со познатите сликари коишто тој со својата уметност ги инспирирал.pikaso manija (3)

Првиот дел од изложбата ја претставува фигурата и личноста на уметникот како тема, вклучувајќи го и автопортретот на Пикасо од неговиот „син период“.OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Потоа следи дел за визуелните уметнички револуции, како што бил кубизмот, и на крајот дел во кој се претставени „траги“ од политичкиот ангажман на Пикасо.pikaso manija

„Веќе со 20 години тој бил познат, а со 90 години тој се уште работел по една слика на ден, така што „пикасоманијата“ трае и натаму. Во текот на 70 години од неговата кариера, направил илјадници дела и создал мноштво на стилови“, истакнале авторите на изложбата.pikaso manija (11)

„Без разлика дали го сакате или не, Пикасо е невозможно да се избегне. Фасцинантно е како повеќето уметници го користеле за да се најдат себеси“, изјавила на изложбата Дијана, правнуката на Пикасо, за француската телевизија „Франс 3“.pikaso manija (2) pikaso manija (4) pikaso manija (9) pikaso manija (12) pikaso manija (7) pikaso manija (6) pikaso manija (5)

Изложбата ќе биде отворена до 29 февруари 2016 година.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top