Насловна / Вести / Ново монтажно училиште во село Поешево

Ново монтажно училиште во село Поешево

poesevo 5

Подрачното училиште во с. Поешево, кое работи во склоп на основното училиште „Коле Канински“  ќе добие ново монтажно училиште. Градежните работи за негова реализација се започнати со тоа што веќе се поставени стопи за подлогата на која ќе биде поставено училиштето. Површината на училиштето ќе изнесува околу 100 метри квадратни, а внатрешноста ќе се состои од две училници, една канцеларија, една остава, тоалети и простор за котелот за парно греење. Моментно настава во училиштето посетуваат 12 деца до петто одделение.

poesevo 7
Проектот е финансиран од буџетот на Општина Битола, а вредноста на училиштето е околу 2.5 милиони денари.

 

Испрати коментар

Scroll To Top