Насловна / Вести / Петтиот Конгрес на еколозите на Македонија во Охрид

Петтиот Конгрес на еколозите на Македонија во Охрид

Македонското еколошко друштво од денес до 22 октомври во Охрид го организира Петтиот Конгрес на еколозите на Македонија.

Конгресот се одржува во хотелот „Метропол“, Охрид, каде се дојдени еколози од различни струки од Македонија и повеќе земји како што се Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Грција, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Турција и Романија…dem

Ќе биде презентирана платформата за последните научни истражувања од областа на екологијата во Балканот и Југо-Источна Европа.

На конгресот ќе земат учество повеќе од 280 научни работници од земјава и од странство со свои научни трудови од областа на екологијата и заштитата на животната средина. Работата на Конгресот ќе се одвива во повеќе секции кои се однесуваат на проучување на популации и екосистеми, хидробиологија, биодиверзитет, шумарство и земјоделство, управување со природни ресурси, загадување и заштита на животната средина, урбана екологија и еколошка едукација.

Испрати коментар

Scroll To Top