Насловна / Вести / Конференција „Техноинвент – start and grow “ во рамки на „Технома 2016“

Конференција „Техноинвент – start and grow “ во рамки на „Технома 2016“

Познати експерти од бизнис акцелератори и експерти во областа на социјални иновации и стартап компании од цела Европа ќе учествуваат на конференцијата „Техноинвент – start and grow“, што во организација на Фондот за иновации и технолошки развој ќе се одржи денеска на Скопски сасем како составен дел од саемот „Технома 2016“.tehnoma2016

Говорници на конференцијата се: Глен Мен, директор на Одделот за иновации и развој во НЕСТА, Мајкл Мизрахи, директор на AtoBe Startup Accelerator од Израел, Волфганг Книејски од EIT Digital Accelerator, Кристобал Алонско од Startup Wise Guys, Кенет Салониу, коосновач и шеф на операции во Vertical акцелератор од Финска и Матија Жуљ, основач на хрватската компанија Agrivi. Конференцијата ќе се одвива во два различни панели, на кои говорниците ќе ги споделат своите искуства во полето на програмите за акцелерација, интернационализација и скалабилност на стартап компаниите и социјалните иновации.

Се очекува на конференцијата да присуствуваат потенцијални претприемачи и етаблирани македонски компании, инвеститори, претставници на релевантни институции и организации и други поединци кои работат на полето на стартап компаниите и иновациите.

Испрати коментар

Scroll To Top