Насловна / Арт и дизајн / Пештерата Ласко која и Пикасо го оставила без здив

Пештерата Ласко која и Пикасо го оставила без здив

Праисториските цртежи во француската пештера Ласко беа откриени пред осумдесет години. Извонредното откритие вклучува слики нацртани од праисториски луѓе, од кои бил воодушевен и славниот сликар Пабло Пикасо.

На 12 септември 1940 година, четворица француски студенти одлучиле да влезат во простор низ една дупка во шума покрај реката Везер во Франција, во Дордоња.

Откриле дека дупката е отвор на пештерски систем, чии sидови биле покриени со историски вредни цртежи.

2_resize

Набргу по откритието и самиот Пикасо наводно ги посетил овие пештери, и рекол дека луѓето не научиле ништо за уметноста илјадници години, пренесува порталот Телепорт.

Денес, Ласко е на списокот на светско наследство на УНЕСКО, но посетителите можат да видат само копии од делата на праисториската уметност.

Уметноста стара и до петнаесет илјади години вклучува слики на стока, коњи, елени, луѓе и прикази на суштества што се дел луѓе, а дел животно.

Научниците велат дека е тешко да се сфати вистинската симболика на цртежите.

4_resize

„Ласко нè научи многу, но има многу нешта за кои не знаеме ништо. Ни дава увид во светот на мислите и имагинацијата на праисториското доба, но, бидејќи творците одамна починале, симболиката на нивните дела тешко ни е да ја откриеме “, вели истражувачот од Универзитетот Лајден, Герит Даселдорп.

Сепак, цртежите можат да покажат како изгледал светот во минатото, што им било важно, какви животни користеле луѓето тогаш …

На пример, постојат и слики кои покажуваат детали од ловот, но не и прикази на растенија или куќи.

Зошто жителите на Каменото доба на таа територија сметале дека некои делови од животот се поважни од другите, останува отворено за толкување.

Исто така постои можност пештерата да била место на духовни, религиозни обреди и состаноци. На ова укажуваат слики што прикажуваат, на пример, човек со глава на птица.

Даселдорп вели дека во пештерите е пронајдено малку алат, главно оној што се користел за изработка на цртежите. Според него, тоа покажува дека не станува збор за пештерски луѓе.

6_resize

„Да живееле овие луѓе во пештерите, во ходниците би се пронашло уште многу алат и на пример, ќе беа пронајдени и остатоци од храна “, објаснил Даселдорп.

Патем, само истражувањето на пештерата Ласко, уште од нејзиното откривање, е проследено со потешкотии.

По Втората светска војна, пештерите биле отворени за јавноста, но до 1963 година. Многу посетители доаѓале, околу 1.500 на ден, но јаглерод диоксидот поради човечкото присуство набрзо почнал да ги оштетува праисториските слики.

1_resize 5_resize

Денес, дозволен е влез само во ограничен број луѓе, и тоа на кратко, додека туристите ќе мора да се задоволат со копија од пештерите.

Оваа одлука стапи на сила и поради појавата на мувла во пештерата, која сè уште се шири.

Испрати коментар

Scroll To Top