Насловна / Вести / Уметничка акција во борбата против сиромаштијата

Уметничка акција во борбата против сиромаштијата

Огромна векна леб е поставена на скверот близу булеварот „Партизански одреди“ на автобуската постојка. Станува збор за герила-акција на млади луѓе, како нивен придонес во борбата против сиромаштијата. Урбаната уметничка акција предизвика интерес кај минувачите. vekna leb

На транспарентот под векната леб пишува: „Стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 21,5% или над 450 илјади луѓе. 70.000 луѓе во Македонија може да си дозволат само три достојни оброка неделно. Над 100 илјади луѓе преживуваат со помалку од 100 денари дневно“.

Испрати коментар

Scroll To Top