Насловна / Вести / Патување низ Сахара со најдолгиот воз на светот

Патување низ Сахара со најдолгиот воз на светот

Замислете да патувате со воз, стотици километри низ пустината Сахара во товарен вагон, а потоа се симнувате во зори на сред пустина, молејќи се да не сте ја згешиле станицата. Токму такви се патувањата со  Train du Desert, најдолгиот воз на светот. Train du Desert, сообраќа од 1963 година, и тоа секојдневно од брегот на Атлантикот до железниот рудник на северозападот од Мавританија. Целосната рута на овој воз се протега низ територијата на Западна Сахара и трае одприлика 20 часа, при што се минува растојание од  704 километри. Возот е подолг од два километри. Освен товар, со овој воз се превезуваат и патници од оддалечените пустински заедници, кои се отсечени и по 500 километри од урбаните средини. Како што опишуваат патниците, патувањето со овој воз е бучно, валкано и опасно. Иако има посебни вагони за патници, сепак многумина се превезуваат качени на покривот од товарните вагони. Затоа чести се и несреќи.

На годишно ниво, оваа композиција превезува околу 16,6 милиони тони железна руда, но и милиони патници.

traindudesert1

traindudesert2

traindudesert3

traindudesert4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top