Насловна / Архитектура / Парламентот на Велика Британија ќе се сели во стаклена купола

Парламентот на Велика Британија ќе се сели во стаклена купола

Стаклената зграда во форма на купола ќе стане привремено решение за сместување на Парламентот на Велика Британија, бидејќи седиштето, т.е. Палатата на Вестминстер се реновира. Работите за реновирање ќе бидат обемни и долготрајни, па поради таа причина сè мораше да се премести на друга локација.

kupola

Планот е да се изгради pop-up конструкција со стаклени куполи, кои ќе бидат демонтирани по употребата, а можеби и поставени на друга локација. Домот на парламентот би бил целосно уреден во рамките на куполата така што пратениците ќе се чувствуваат како да се уште во старата зграда. Работите за реконструкција треба да почнат во 2025 година и, според најавите, да траат дури шест години. Конструкцијата ќе биде обложена со челик и стакло отпорни на куршуми и бомби. Внатрешноста ќе вклучува простории за одбори, канцеларии за 650 членови на парламентот на Велика Британија, трпезарија и јавни површини, вклучувајќи и голема кровна градина. Обликот на конструкцијата многумина ги потсетува на огромен калап за торта од желе.
Лорд Норман Фостер, светски познат архитект познат по своите проекти и Сер Џон Ритблат, инвеститор во недвижнини, први ја презентираа идејата за голема, полупровидна стаклена зграда како привремена зграда за парламентот на Велика Британија во 2017 година.

На крајот идејата беше отфрлена, но неодамна од нив беше побарано повторно да го претстават својот проект и плановите да бидат преиспитани.

kupola1
Изградбата на привремено седиште на парламентот на Велика Британија е позиционирана како алтернатива што е преиспитана и вклучува преместување на пратениците во други владини објекти за време на реконструкцијата. Ова алтернативно решение вклучува „чување“ на членовите поблиску до седиштето и е позиционирано како економски исплатлива опција што може значително да го забрза сложениот процес на преместување и реновирање. Премиерот Борис Џонсон дури имаше идеја привремено да го премести парламентот на Велика Британија од Лондон во Јорк.
Секако, решението дадено од Фостер и Ритблат може да се стави во функција во рок од 28 месеци. Ова ќе им овозможи на пратениците да започнат да се вселуваат во 2023 година. Проектот предвидува „Дом на општините“, но не и „Дом на лордовите“ што беше во претходниот предлог. Фостер и Ритблат се согласија дека решението што го предлагаат нема да остави трајни историски последици врз архитектурата во Лондон и на самата локација, бидејќи може да се премести и повторно да се користи на друго место.

Испрати коментар

Scroll To Top